Created by Emilija Blazeska
almost 11 years ago
|
||
Пронајди ги дел-речениците во следнава реченица: „Вчера заминав од училиште бидејќи ме болеше главата.“
Според составот каква е оваа реченица: „Тој беше преморен од долготрајната работа во каменоломот под жешкото августовско сонце“
Пронајди го удвоениот директен предмет во реченицата: „Тој му ја даде книгата на Марко за да ја прочита до утре.“
Определи ги прилозите во речениците: „Вчера отидовме во Скопје. Тој тивко се прикрадуваше до оградата. понатаму веќе не можеше.
Најди ги придавките во реченицата: Убавата девојка беше вредна, везден нешто работеше.
Каква функција врши придавката вредна во реченицата:„Убавата девојка беше вредна, везден нешто работеше“.
Дополни ја реченицата за да има предлошки предмет: „Тие разговараа.......“.
Каква функција врши именката во реченицата: „Ја видов Билјана“.
Определи ги дел-речениците:
„Крушево гореше и светеше во ноќта“
Најди го индиректниот удвоен предмет во реченицата:
„Ним им беше сеедно што ќе кажат соседите“
Кои се кратки и долги заменски форми за индиректен предмет за женски род, еднина
Каква функција врши показната заменка во реченицата: „Плачат оние планини за мене“